
Денес во работна посета на Општина Штип беше амбасадорот на Република Црна Гора г-дин Зоран Миланиќ. Амбасадорот заедно со градоначалникот Иван Јорданов разговараа за зајакнувањето на економската соработка на Општина Штип со Република Црна Гора и можноста за збратимување на Штип со Црна Гора. Покрај ова, тие имаа средба и со бизнис секторот, каде се разменија искуствата со стопанствениците кои соработуваат со фирми од Црна Гора. На средбата се покрена и иницијативата за продлабочување на соработката на бизнис секторот помеѓу двете држави и организирање на бизнис форум за интензивирање на таа соработка.
Лаура Стојанова, М-Нет