Државните градинки и училишта ќе бидат ослободени од плаќањето комуналии, ќе се градат и нови училишта во корист на едносменската настава

Градинките и училиштата кои што се во сопственост на државата ќе бидат ослободени од плаќањето на комуналии. Премиерот Мицкоски во денешната изјава како што рече со промената на законот за градежно земјиште се очекува да се градат градинки и училишта онаму каде што е потребно, имајќи во предвид едносмеснкото учење во училиштата. Тој додадтно вели дека тоа ќе значи поголема сигурност за родителите и поголема дружба и пријателства.

“Знаете донесовме закон во парламентот, измена на законот за градежно земјиште, каде што сите оние објекти јавни како градинки, училишта и сл, кои што се сопственост на државата ќе бидат ослободени од плаќањето на комуналии. И сега со овој закон и таа пречка е одстранеата и веќе очекувам онаму каде што е потребно да се градат градинки и училишта, како што знаете наша владина определба е едносменското учење во основните училишта. Тоа ќе значи целодневно, едносмеснко учење, а тоа ќе значи поголема сигурност на родителите и поголемо дружење за децата, поголемо другарување, разменување на знаења, пријателства стекнување и така натаму.“, истакна Мицкоски

Целта на едносменската настава е да се создадат поголеми можности за едукација, имајќи во предвид поразвиенти земји во кои учениците со подолгото останување во училиштата тие стекнале многу знаења и пријателства. Едносменската наставка нема да означува постојано учење над книгите, туку тоа ќе биде можност за поразлична настава во која ќе има послободна форма на образование.

Лаура Стојанова, М-Нет