Од 15 ноември сите возила треба да имаат зимска опрема, штипјани подготвени за предстојната зима

Од 15 ноември сите возила кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и правилникот за задолжителна опрема, штипјани се подготвени за предстојната зима. За м-нет велат дека со почитувањето на законот, тие не само што ги избегнуваат казните, туку ги избегнуваат и несааните последици.

“Подготвени сме, нема проблем, имаме се. Гуми имам со ознаки, а ги носам и ланците.“, велат граѓаните

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци. Од страна на МВР Апелираат до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така се овозможува непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Лаура Стојанова, М-Нет