Климатските промени влијаат врз производството на храна, не се менуваат културите туку начинот на одгледување

До промена на начините на кои се одгледуваат различни култури, промена на средствата за заштита можат да дојде со промена на климатските промени, но не и самите култури. На пример раноградинарското производство од отворено се префрла на затворено одгледување вели професор, Фиданка Трајкова. Додава дека климатските промени ги има и тоа влијае врз начинот на одгледување на земјоделските производи.

„Сите научни истражувања покажуваат дека климатските промени реално се случуваат и можеби ако во минатото беа дефинирани како екстремно затоплување, екстремно заладување сега веќе дефиницијата оди во правец дека тоа се екстремни климатски случувања, како урагани, бури, невремиња и слично.“ – вели Трајкова.

Еден ден сонце веќе наредниот ниски температури. Ова влијае кај производството и одгледувањето на земјоделските производи, ама дождот е позитива за плодна есенска сеидба. Деканката на земјоделски факултет при УГД Штип, посочува дека има измени кај годишните времиња ама треба да има и соодветна адаптација.

„Месец ноември е веќе, саботата имавме убаво сончево време, за вчера да имаме многу ниски температури. Што се случува кај земјоделските производители, тие долго време го очекуваат дождот вчера го имавме. За да имаат плодна сеидба, за да има есенска сеидба требаше да има и дожд. Но, климатските промени си го прават своето, измесетни ни се годишните времиња, ама треба да се адапритаме за да имаме доволно производсство“ – вели Арсов.

Поризводството на храна се движи во надолна линија, но тоа не значи дека нема простор за работа и егзистенција во државата, децидна е Арсов. Додава дека младите преку соодветни истражувања и знаења можат да дојдат до соодветно производство кое може да се применува дома.

Лаура Стојанова М-Нет