
„Денови на млади истражувачи“ втора година по ред се реалиизраат на Земјоделскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев Штип. Денеска и во наредните два дена фокусот е ставен на младите, со цел да го надоградат своето знаење, но и да ги подобрат своите комуникациски вештини. Целта е да научат да разликуваат релевантни од нерелевантни извори на информации.
„Фокусот секогаш е ставен на нашите студенти така што уште еднаш докажуваме како факултет дека интезивно работиме студентите да се стекнат не само со теоретско и практично знаење, туку работиме и на нивната комуникација за да може полесно да се изразуваат“ – вели Арсов.
Во активностите се вклучени студентите од втора година, кои се поделени во две групи. Првата група работи на докажување на реалноста дека постојат климатски промени кои влијаат врз земјоделството, а втората групат докажува дека тоа е мит.
Активности се закажани и за утре и за во четврток, а радува фактот што студентите целосно се вклучени во настаните. Со помош на вакви дискусии и активности се работи на задржување на мадите дома и да работат во земјоделството.
„За утре е планирана петтата студентска конференција, критични прашања во земјоделството и животната средина. Можеме да кажеме дека оваа година ни е со максимален број на трудови, имаме 29 усни презентации од страна на студентите. Исто така и во третиот ден фокусот е ставен на младите. Темата на третиот ден е Младите во земјоделското производство.“ -додава Арсов.
Настаните се во склоп на одбележување на Меѓународниот ден на науката, а вчера по овој повод се доделија и награди и признанија на научни работници.
Лаура Стојанова М-Нет