Шкендија Арачиново со „петарда“ за убедлива победа, високи победи за Куманово и БВК Коњаре!

Шкендија Арачиново доминира во Трета лига – Север и запиша нова убедлива победа од 0:5 во меч каде Шаип погоди за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Алити постигна два гола, а по еден гол постигнаа Десниќ и Цаколи.

Башкими Љуботен запиша голема победа отако преку трите гола на Бејтула Авдулаи славеше над поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ со 3:1, во меч каде за гостинот единствен стрелец беше Томче Павловски.

Бесир Јусуфи со хет-трик и голот на Емини со 4:0 Риниа славеше над Кадино.

Фортуна стигна до нова победа откако со 2:1 беше совладан тимот на Пчиња преку пресврт. Димков даде гол за 0:1, а пак Мифатр и Дема за 2:1.

БВК Коњаре со 1:6 славеше над Академија Илинден убедлива победа откако два гола даде Демири, а по еден гол Бишевац, Ќани, Пајазит и Јусуфи, а пак за домаќинот стрелаше Исмет Хајдари.

Куманово славеше гостинска од 1:4 против Беса Влазрими. Тодоровски и Јановаски погодија за 0:2, а пак Бајрами намали на 1:2 на полувреме. Во второто полувреме Ергин Шерифи со два гола ги постави конечните 1:4.

Њу Старс дома загуби од Аеродром со резултат од 1:4, за гостинот Алексоски постигна два гола, а по еден гол постигнаа Пешовски и Наумовски. За домашниот тим единствен стрелец Александар Грашески.