Намалено физичкото насилство, но зголемено психичкото и социјалното насилство кај децата

Намалено физичкото насилство, но зголемено психичкото, а во големи проценти најмногу социјалното насилство кај децата. Психологот Деспина Стојановска вели дека за да се подобрат ваквите случаи потребо е вклучувањето на повозрасните кои што можат да влијаат за да се намали врсничкото насилство. Согласна е таа дека треба да се помогне на дечињата да зборуваат отворено и да побараат поддршка и помош за да ги препознаат обрасците на насилство и соодветно да се вклучат во ситуацијата.

“Насилството постои, не можеме да ги затвориме очите во таа појава, но она што е нашата цел е да им помогнеме на дечињата да зборуваат отворено за тоа да побараат поддршка, помош, онаму каде што навистина може да ја добијат, а исто така возрасните кои што се вклучени во ланецот за заштита и поддршка на децата да умеат да ги препознаат обрасците на насилството и да соодветно се вклучат за да се подобри ситуацијата.”, истакна Стојановска

Како психолог, Стојановска постојано работи на врсничкото насилство, како и влијанието за да се појави ваквата ситуација.

„Темата е врсничко насилство, влијанието и појавата на врсничкото насилство и она што на нас ни е најважно како и на кој начин родителите можат да придонесат за намалувањето на степенот на врсничко насилство кај нивните деца. Опфативме голем број на ученици за да можеме да им ја приближиме оваа тема од еден афирмативен аспект во смислата на да изградат емпатија, да го јакнат другарството, соработката мегусебна, а сега во оваа фаза се опфатени и родителите и наставниците, но и општините, односно оние лице кои што имаат можност да придонесат кон тоа да се намали врсничкото насилство.“, додава Стојановска

Најголем замав во последно време според психологот Стојановска зима сајбер насилството, бидејќи не е под контрола на возрасните и истото се случува во затворена група и средина, а истото делува многу врз развојот на личноста, врз формирањето на сликата за себе.

Лаура Стојанова, М-Нет