Незадоволните пензионери на средба во Штип, бараат исполнување на веќе поставените барања

Пензионерите од неколку града денеска оставрија средба во просториите на Општина Штип. Незадоволни од начинот на живот и ниските примања кои ги имаат најголем дел од нив бараат исполнување на нивните веќе поставени цели и барања. И денеска посочија дека треба да има промена на претседателката на здружението на пензионери на Македонија. Додаваат дека заслужуваат достоинствен живот и пари барем за лекарства, храна и сметки.

„Не е точно дека сите пензионери се задволни. Значи околу 250 илјади пензионери се со примања до 20 илјади денари и тие воопшто не се задоволни. Со покачувањето од пет илјади денари сметам дека ќе ни се подобри животот и ќе дојдеме до некој достоен живот со што ќе имаме пари за лекарства, сметки и храна.“ – велат пензионерите.

Пензионерите бараат и усогласување на минималната пензија. Тоа е уште едно од барањата кои се најдоа во изготвениот Закон за пензионери. Децидни дека половина од барањата им се исполнети, за другата половина се дискутираше и денска на средбата во Штип.

„Штип ќе биде параметар за остварување на сите права кои сме ги зацртале во нашиот Закон за пензионери.“ – вели Митев.

Да се направи ревизија на работењето на сите здруженија на пензионери, побараа граѓаните од третата доба денеска од Штип. На тој начин велат ќе се види како работат со што и тие ќе добијат се што заслужуваат.

„Сега се е во рацете на институциите, да се направи ревизија, за да добијат пензионерите се што заслужуваат.“ – додаваат пензионерите.

Пензионерите изминатиот период преку протести на улица добија дел од барањата односно линеарно покачување на пензиите за пет илјади денари. Протестите продолжуваат и понатаму со цел смена на претседателката на здружението на пензионери на Македонија.

Лаура Стојанова М-Нет