
Промовиран учебникот „Антидискриминационо Право” на Правен факултет во Штип. Издавањето на публикацијата e од универзитетските професори Жанета Попоска, Лазар Јовевски и Јулиус Ростас. Деканката на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Олга Кошевалиска истакна дека ова дело има за цел да ја подигне свеста на правото на еднаквост, но и на борбата против антидискриминацијата во работните односи
“Денес на правниот факултет при УГД ја имаме промоцијата со наслв антидискриминационо право од авторите Жанета поповска, Лазар јовевски и Јулиус Ростас. Целта на овој учебник и на оваа публикација е всушност да ја подигне свеста за разбирањето на правото на еднаквост, но и и на борбата против ддискриминацијата, така и во областите на сите свери.“ вели Кошевалиска
Шефот на програмската канцеларија на советот на Европа Олег Солдатов, истакна дека му претставува задоволство што е во Штип и додава дека тие во советот работат на решаање на проблемите кои што се видливи во државата.
“Ми претставува задоволство што сум денс овде заедно во Штип, каде што имаме можност да присуствуваме на промоцијата на најновата книга за антидискриминационото право на правниот факултет во Штип. Морам да кажам дека ова е работата на совтот за европа. Ние работиме на решавање на проблеми, меѓутоа на проблеми кои што се видливи во државата.“ додава Солдатов
Инаку, Публикацијата е пишувана на едноставен и разбирлив начин за да биде лесно сфатлива не само за правниците, туку за целата академска јавност. За првпат има и поглавје кое го обработува антициганизмот.