Вардар остана без тренер, Срѓан Захариевски спогодбено се раздели!

Вардар и Срѓан Захариевски се разделија, клубот го добива четвртиот тренер!

По само 13 одиграни кола Вардар ќе го добие четвртиот тренер, откако клубот и тренерот Срѓан Захариевски се разделија.

„Црвено-црните“ синоќа го загубија македонското „ел класико“ во Битола, откако беа поразени од Пелистер со минимални 1:0 со што вардарци ја продлабочија резултатската криза, а со тоа остануваат „заковани“ на дното со само осум бодови.

Вардар сезоната ја започна со Горазд Михаилов, по неговото заминување дојде Горан Петрески, но не се задржа долго на клупата на Вардар, пристигна Срѓан Захариевски, а по него Вардар ќе добие нов тренер, кој би бил четврти.

Вардар има скор од само две победи, две ремија и дури девет порази, а во следното коло кое се игра в сабота го очекува дерби меч против Шкупи во скопската пресметка.

Повеќе од јасно е дека Вардар на полусезона ќе има комплетен ремонт со цел во пролетниот дел да може да избори сигурен опстанок, бидејки како тргнало Вардар одново го очекува тешка сезона како ланската кога се опстанок преку бараж совладувајќи го второлигашот Детонит Плачковица со 2:0.

Александар Ванев, М-Нет