48 часа е дозволено депонирање на ѓубрето од Кочани на градската депонија

48 часа ќе биде дозволено депонирање на ѓубрето од градот Кочани на градската депонија. Протестите продолжуваат, но ќе бидат пропуштани само возилата на КЈП Водовод Кочани. Ова е со цел градот да не се гуши во насобраното ѓубре. Ама граѓаните не отстапуваат од своите барања ѓубрето од соседните општини да не се носи на депонијата во Кочани. По разговорите во попнеделник ќе се знаат понатамошните насоки на протестите.

„Имавме состанок со преставници од општината, пратеникот и се донесе одлука дека ќе дозволиме 48 часовно депонирање на отпадот кој ни се насобра во градот да биде однесе на депонијата и ќе почекаме да видиме во кој правец ќе се движи протесот.“ – вели Илијев.

По никоја цена не е прифатливо отпадот од Чешинов Облешево, Зрновци и Виница да се депонира на градската депонија во Кочани. Граѓаните велат дека депонијата нема капацитет да собира и третира толку отпад и заради тоа постојано се пали и кочанчани дишат најзагаден воздух.

Како прво самата депонија не е оградена, нема обезбедување, и има луѓе кои нон стоп ја палат депонијата. Не беше третирано со алги и плус таа депонија не е предвидена за толку општини и за толку ѓубре.“ -,додава Захариев.

Протестите започнаа во понеделникот и за првпат досега траат целодневно. Во меѓувреме наделжените институции на Локално ниво започнаа со процесот на третирање со алги на депонијата со цел да се стави крај на постојанот чадење и загадување на воздухот.

Лаура Стојанова, М-Нет