Здравко Костовски ќе го суди дербито во Свети Николе, Ананиев ќе им суди на Малеш и Тиверија

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 8. коло од Трета лига – Исток, а веќе се познати судиите задолжени да ја делат правдата.

Дербито на колото како што веќе најави М Нет телевизија се игра во Свети Николе каде ќе се соочат Овче Поле и Брегалница од Делчево, а правдата на овој меч ќе ја дели Здравко Костовски од Штип.

Блаже Петковски од Миравци ќе им суди на Хоризонт Турново и Ударник, Игор Филипов од Штип ќе бидат задолжен за правдата на мечот меѓу Дојранско Езеро и Светлост Зрновци.

Александар Ѓоргиевски од Радовиш ќе им суди на Карбинци и непоразениот лидер Слога Виница, а пак Александар Ананиев од Кочани ќе ја дели правдата во Берово каде ќе играат Малеш и Тиверија.

Натпреварите од 8. коло од Трета лига – Исток ќе започнат во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет