Обележани нови паркинг места за бремени жени и мајки со мали деца во центарот на Штип

Нови обележани паркинг позиции за бремените жени и мајки со мали деца доби Општина Штип. ЈП Стипион изминатиот период работеше на оваа активност со што во централното градско подрачје посебно се обележаа паркинг места кои ќе служат за оваа категорија жени. Целта е бремените жени и мајки со мали деца да имаат поголема безбедност, можност полесно да ги паркираат своите возила и да имаат олеснето движење.

„Во изминатиот период ЈП „Стипион“ изврши обележување на таканаречени мајчински паркинг позиции во централното градско подрачје кои ќе бидат наменети за жени во поодмината бременост и за мајки со мали деца. Ќе служат за нивна поголема безбедност и достапност како и олеснување на нивното движење и паркирање“- вели Тошковски.

Ова е тренд во развиените европски градови, вели Стефановски додавајќи дека се следат нивните примери со цел подобрување во делот на паркирањето и во Штип.

„Оваа сктивност е растечки тренд во добро организираните европски градови, ни служи за подигнување на јавната свест за потребата од одредени олеснувања на оваа категорија на граѓани“ – додава Стефановски.

Новост се паркинг местата за бремените жени, додека за лицата со попреченост веќе има обележано соодветни паркинг места во централното градско подрачје во Штип. На ваков начин се работи за подобар пристап за паркирање и олеснето движење за сите категории граѓани, дециден е Стефановски.

Лаура Стојанова М-Нет