Трпчевски го доби дербито меѓу Шкендија и Струга, Пројковска главна во Кратово, Идризи ќе им суди на Воска и Пелистер

Утре ќе се одиграат натпреварите од 11. коло од Првата фудбалска лига на Македонија, а веќе се познати и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на шестте прволигашки натпревари.

Александар Грујоски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Шкупи и Тиквеш, Фуркан Идризи ќе биде главен судија на „Билјанини Извори“ во Охрид каде ќе играат Воска Спорт и Пелистер.

Марјан Младеновски ќе им суди на Гостивар и Брера Струмица, Игор Стојчевски ќе им суди на Вардар и Работнички, Ивана Пројковска ќе биде задолжена за правдата во Кратово каде ќе ги одмерат силите Силекс и Беса, а пак Стојанче Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга Трим Лум.

Натпреварите ќе започнат во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет