Планината Серта, светиниколско и кумановско први за пошумување по големите пожари од летото

Светиниколскиот регион, планината Серта како и липковско – кумановскиот дел се прв на списокот за пошумување по големите пожари кои летово беснееа на територија на државата. Ова ќе се работи преку сорабтка на Национални шуми и Обединетите нации, но акции за пошумување ќе има и на сите останати места кои беа зафатени од големите пожари летово. Проблем е и недостатокот на садници, вели Михаилов, додавајќи дека со помош на останатите држави, но и на општествено одговрни компании од државата ќе се работи да се вратат делумно шумите кои изгореа.

„Секаде каде што ќе има простор ќе има пошумување. Ние имаме редовни пошумувања во сите наши поддружници. Но, овие кои ќе ги направиме врз основа на опожарените површини ќе бидат онаму каде ќе можеме да постигнеме бидејќи сме оскудни со садници.“ – вели Михаилов.

Летниот период имаше околу две илјади пожари на отворен простор, речиси во сите делови од Македонија. Дрвата кои изгореа делумно или целосно за огрев се продаваат по редовна цена велат од Национални шуми. Ова е обид на новото раководство да се намали бројот на подметнати пожари.

„Со оглед на тоа дека имаше околу 2000 пожари на отворен простор, мислам дека некаде околу 60 илјади хектари под шума е зафатено и некаде околу 600 илјади метри кубни дрвна маса, површини се зафатени.“ – вели Михаилов.

Пошумувањата за оваа година ќе бидат зголемени, со цел да се обнови шумата кој гореше во текот на летото и да се обноват белите дробови на државата.

Лаура Стојанова М-Нет