
Таско и Малена го кренаа макфестовото знаме и го отворија 39. издание на музичкиот фестивал. Тие впрочем се и победниците од претходната година, односно нивната песна беше најслушана во периодот меѓу двата фестивала. Свој настап ќе имаат утревечер. Штипјани ќе бидат домаќини, а публиката ќе може да ужива во овогодинешниот Макфест.
„Штип е домаќин на многу гости кои викендов ќе бидат дел од Макфест, штипјани ќе живеат во знакот на Макфест. Она кое мене ме радува е што оваа година и организациски се подобривме во насока на модернизирање на фестивалот и во насока на презентирање на едни мелодии кои ќе го одбележат ова време.“ – вели Јорданов.
14 музички имиња ќе се престават вечерва, а најдобрите пет од нив ќе пеат и утревечер. Целта е сите учесници на Макфест да имаат успешна музичка кариера и да се повторуваат македонските музички мелодии.
„Оваа година се обидовме во ревијалната вечер да имаме што е можно повеќе етаблирани музички имиња, а вечерва имаме 14 изведувачи, не се сите дебитанти, дел од нив настапиле на макфест и на други фестивали имаат кариера.“ – вели Саздов.
Подготовките се веќе завршени, а се прават финалните проби на музичарите кои вечерва ќе застанат на макфестовата сцена и ќе се престават пред многубројната публика.
„Честа да се организира ваков фестивал, 39 годишен јубилеј, за мене е голема. Можам да кажам дека сите подготвоки се завршени. Оваа година изведувачите ќе биде придружувани со оркестар во живот, со што публиката целосно ќе може да ужива“ – вели Арсовски.
И оваа година фестивалот нема да биде од натпреварувачки карактер, а за првпат на сцената ќе застанат и познати амкедонски музички имиња. Можност да гласа ќе има и публиката.
„Начинот на гласење ќе биде публика и ќе имаме стручно жири 50:50, ќе се собират бодовите од публиката и од жирито и првите пет од вечерва ќе настапат и утре.“ – вели Јованов.
Утревечер по завршувањето на учесниците на Макфест свој настап ќе имаат Адријана Јаневска и Ѓоко Таневски.
Лаура Стојанова М-Нет