
Со пригодна манифестација учениците од СОУ „Славчо Стојменски“ Штип денеска го прославија својот патрон празник и 103 годишнината од раѓањето на Стојменски. Празнувањата започнаа во текот на вчерашниот ден, кога се одржаа спортски игри во кој учествуваа и учениците и наставниците.
„Денеска се навршуваат 103 години од раѓањето на херојот Славчо Стојменски. Тој е наш патрон, ние го чествуваме неговото име и неговото дело. Чествувањето започна од вчера со спортски ден во кој беа вклучени голем број на наши ученици во различни спортски дисциплини. Беше една пријатна атмосфера во која и професорите и учениците заедно навиваа за своите фаворити. Денес е денот на прославување на нашиот патрон со една модерна сценска изведба“ – вели Ристова.
Чествувањата во чест на Стојменски продолжија и денеска. Учениците со рецитал, музика и свечена програма покажаа дека се негови потомци и го чуваат и негуваат неговото дело.
На настанот преставници од Локалната самоуправа, делегации, здруженија и пријатели положија свежо цвеќе во Алеата на народни херои и му оддадоа почит на Славчо Стојменски.
Лаура Стојанова М-Нет