
Утре ќе се одиграат натпреварите од деветтата рунда на Втората лига, кое коло носи неколку неизвесни дуели кои може да направат промени на табелата.
Дефинитивно дербито на колото ќе се одигра во Ѓорче каде ќе се соочат Македонија ЃП и Кожуф од Гевгелија во меч каде трите бодови се императив и за двете страни.
„Лавовите“ сакаат нов триумф со кој покрај тоа што ќе останат на врвот може да направат и бодовна залиха, во зависност од исходот на останатите натпревари, но воглавно триумфот за „лавовите“ е важен бидејќи веќе в среда во вонредно коло ќе гостуваат во Радовиш кај незгодниот, а одличен Детонит Плачковица. Кожуф сака изненадување и со тоа од втор план да прави изненадување барем за третото место и баражот за Прва лига.
Башкими како фаворит ќе ја пречека Каменица Саса која ќе има тешко гостување, а пак домаќинот атакува на шесттото сезонско славје. Башкими има отворени амбиции за Прва лига игра одлична сезона и тоа е момент кој треба да се искористи за да може клубот да биде што погоре на табелата и да води борба за влез во елитата. За „рударите“ и бод ќе биде позитивен исход.
Дуел за втора победа во Струмица ќе играат Беласица и Осогово. Струмичани дури во осмото коло ја забележаа првата победа, а сега сакаат и втора радост против „жетварите“ кои се во резултатска криза и бараат излез од истата. Беласица сака победа за приклучок кон горниот дел од табелата, Осогово сака триумф за излез од резултатската криза.
Повратникот Борец еднаш победи и веќе заборави што значи победа бидејќи последно славеше на 22. септември повеќе од месец дена велешани чекаат радост од нивниот миленик. Утре на домашен терен ќе имаат незгоден противник доаѓа радовишки Детонит Плачковица кој е во одлична победничка форма, а тоа ќе биде знак за крајна внимателност на велешани, бидејќи со нов пораз ќе се втурнат во нова длабока резултатска криза, па повеќе од јасно во таков случај целта ќе биде сигурен опстанок.
Брегалница во претходното коло се сопна во Радовиш, а утре на Градски во Штип ја очекува меч против Вардар Неготино. Фаворитската улога е јасна, Брегалница има квалитетен тим игра дома пред штипјани и повеќе од јасно е дека ќе важи за голем фаворит за трите бодови, во однос на Вардар Неготино кој е во резултатска криза и нема победа седум кола во низа, односно последно славеше во првото коло.
Дека притисок има Вардар Неготино има, тоа е факт, но и Брегалница има притисок бидејќи сега е на третото место, ја очекуваат доправа потешки натпревари како со Македонија ЃП, гостување кај Башкими, соочување со Арсими и Охрид, па затоа „сините“ утре ќе мораат да триумфираат, но и да покажат доминатен фудбал, да забележа победа со два или три погодоци, ако веќе се фаворити за Прва лига, отколку победи со еден гол разлика и мачење 90 минути.
Охрид на домашен терен против „фенерџијата“ Вардарски ќе бара пет од пет во однос на гостинот од Богданци кој со новиот стратег Ѓоре Јовановски ќе бара прва сезонска победа.
Охрид е голем фаворит на „Билјанини Извори“, а Вардарски оди на се или ништо.
Регионално дерби ќе одиграат Победа и Новаци во дуел каде прилепчани сакаат втора победа во низа за вкупно три и со тоа да се одлепат од опасната зона против одличниот Новаци кој продолжува одлично да игра како и во минатата сезона и собира бодовна залиха за полесна пролет.
Натпреварите се играат со почеток од 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет