Одбојкарките на Младост УГД утре во Штип против Јанта Волеј, Усакан Волеј домаќин на Струмица

Утре ќе се одиграат натпреварите од 2. коло на Првата женска одбојкарска лига. Младост УГД по поразот во првото коло на домашен терен во Штип ќе ја бара првата победа против Јанта Волеј КВ. Младост е засилен со неколку домашни и странски одбојкарки, но во првото коло претрпе пораз од 3:0, а пак Јанта Волеј прокнижи висока победа.

Фаворитот Работнички ќе гостува кај екипата на Фит Фан Волеј во меч каде домашниот тим ќе има тежок меч за да дојде до прв славје.

Во Кичево силите ќе ги оддмерат Ускана Волеј против Струмица во натпревар за прва сезонска победа на двете екипи кои сезоната ја започнаа со пораи.

Вардар ЕМ на домашен терен ќе игра со фаворитот Наковски Волеј, кој во првото коло однесе убедлива победа на домашен терен против штипски Младост УГД.

Александар Ванев, М-Нет