
Вакцинирани 10.000 граѓани, а пријавени уште 52 000 за сезонска вакцина низ 36 пунктови во државата до моментот . Министерот за здравство Арбен Таравари истака дека сите заинтересирани граѓани можат да се пријават на апликацијата вакцинација мк се со цел се заштитат, особено граѓаните кои што спаѓаат во групата ранливи категории.
“Би сакал да известам дека неколку дена е почната вакцинацијата во целата држава. До сега се вакцинирани 10.000 граѓани. Има повеќе апликации, односно страна на која што можат да се најдат сите граѓани вакцинација. мк и до сега се пријавени 52 000 низ 36 пунктови.“, истакна Таравари
Вакцината е со цел спречување да се појават компликации и се очекува годинава да има по мал број компликации во однос на изминатат година, додава Таравари.
Инаку, министерството за здравство заедно со институтот за јавно здравје за годинава обезбеди вкупно 70 000 вакцини за сезонска вакцина, се со цел граѓаните ги спречат несаканите последици.
Лаура Стојанова, М-Нет