
Денес во Општина Штип се спроведе трибина за превенција на болеста Чума кај малите преживари. На настанот присуствуваа членовите на локалниот центар за контрола на болеста, ветиринари и претставници на институциите, а на истиот се презентираше моменталната состојба на болеста во земјава, соседството и Европа, како и мерки кои треба да се превземат за се спречи ваквата појава. Раководителот на државната инспекција за здравствената заштита на животните Симо Костадинов истака дека болеста е присутна во соседството и потребно е да се превземат мерки за да не настанат огромни материјални штети.
“Започнувајќи денес од Штип, почнуваме со состаноци на локалните центри за контрола особено за опасно заразни болести, кои се на листата , односно болеста која е тема на денешниот состанок е припрема на локалните центри за контрола на болеста, чума кај мали преживари. Болеста чума кај мали преживари е присутна во соседството во Грција, но исто така и во Романија и таа заразна болест не се пренесува од животните на луѓето, меѓутоа нејзината важност е голема, затоа што при појава на оваа болест настануваат огромни материјални штети се одраз врз економијата на државата”, истакна Костов
Штип е еден од трите локални центри за контрола на болеста кој ќе работи на припремата за евентуална појава на оваа болест, додава Костов.
“Локалните центри во државата се конституирани национален центар за контрола на болеста, каде што се вклучени сите леревантни институции, кои при појава на вакви болести, значи имаат обврска да учествуваат во сузбивањето на овие болести. Конституирани се национален центар за контрола на болестите и три локални центри за контрола на болеста, од кој едниот е во Штип. Денес со состаноците во Штип целта е да се припремиме за евентуалната појава на на оваа болест, односно да не дозволиме да се појави.“, додава Костов
Инаку, болеста чума кај малите преживари покрај што е активна во соседството и Европа, таа е веќе присутна во светски рамки, па затоа целта на ваквите спроведувања на трибини се во насока спречување и заштитата од истата.