БВК Коњаре против Фортуна, дерби на новите третолигаши Њу Старс и Ржаничино!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Утре ќе се одигра вонредното седмо коло во Третата фудбалска лига – Север, а во рамки на истото само мечот меѓу Шкендија Арачиниво и Риниа ќе се одигра следната недела, бидејќи Шкендија Арачиново утре ќе игра во Купот на Македонија против прволигашот Шкендија во Тетово.

Што се однесува до останатите натпревари Академија Илинден ќе игра дерби од долниот дел на табелата против Башкими Љуботен во меч каде двете екипи сакаат победа и три бодови со цел да се пробијат кон средишниот дел од табелата, а со тоа да се одлепат од опасната зона.

Њу Старс ќе ја бара втората сезонска победа против Ржаничино кој фати одличен приклучок кон горниот дел од табелата, ова ќе биде дерби на двата нови третолигаши.

Аеродром ќе атакува на трет триумф против фаворитот Беса Влазрими, БВК Коњаре ќе има тежок меч на домашен терен против Фортуна, па практично овој меч ќе биде и дерби на колото.

Ланскиот шампион Куманово на домашен терен го очекува тежок меч против поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ, додека пак последнопласираната Пчиња дома ќе ја бара втората победа против Риниа со цел да избега од последното место на табелата.

Александар Ванев, М-Нет