Брегалница го загуби првото место, „лавовите“ на врвот, густо во долниот дел на второлигашката табела

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Како што најави М Нет телевизија тоа и се случи, Брегалница по ремито во Радовиш со Детонит Плачковица од 1:1 меч кој го следевте на М Нет телевизија го загуби првото место на табелата со што штипјани сега се на третатата позиција со 18 бодови, колку што има и Арсими кој е втор со ист број на бодови.

Македонија ЃП минимално го доби Скопје со 0:1, но доволно за три бодови и прво место на табелата.

Повеќе екипи засега фаќаат приклучок кон горниот дел од табелата, но колку од нив ќе го издржат темпото до крај. Башкими е на 4. место со 17 бодови, а пак Кожуф од Гевгелија е петти со 15 бодови.

На делба на шесттото место со по 13 бодови се Детонит Плачковица и Охрид, а пак Новаци е осми со 11 бодови.

Сите останати екипи во Втората лига имаат едноцифрен број на освоени бодови. Каменица Саса го дели деветтото место со Беласица со по девет бодови, Скопје е на 11-тотот место со осум бодови, Победа е на 12-тото место со освоени седум бодови, откако прилепчани запишаа важен триумф над Вардар Неготино и со тоа конечно дојдоа до втората сезонска победа.

На 13-тото место е токму Вардар Неготино кој веќе седум меча во низа нема победа со пет бодови, а толку бодови има Осогово кој е во бараж зоната за опстанок.

Во зоната за директно испаѓање е Борец од Велес со четири бодови како претпоследен, а на дното со два бодови е Вардарски, кој е единствен второлигаш без победа.

Александар Ванев, М-Нет