
Со по еден гол и без победник (1:1) на мега дербито меѓу поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ и амбициозната Шкендика од Арачиново, меч кој го следевте само на М Нет телевизија.
Шаип погоди за 0:1 за гостинот, а во второто полувреме Богдановски ги постави конечните 1:1.
Некогашниот второлигаш Кадино со 2:1 преку Благојевски и Николовски го совлада Куманово, каде Костовски си постигна автогол.
Риниа со двата гола на Арифи и голот на Елмази дојде до триумф од 3:2 над фаворитот БВК Коњаре. За гостинот стрелци беа Бакиевски и Демири.
Башкими Љуботен со 3:2 ја доби Пчиња, каде Османи, Курти и Јашари беа стрелци за домашната екипа, а за гостинот двоен стелец беше Цаневски.
Фортуна со убедливи 4:0 го славеше над Аеродром каде Мифрати беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Реџепи и Емини.
Мирван Фетаи со два гола обезбеди славје за Беса Влазрими која со 2:1 славеше над Њу Старс. Стрелец за гостинот беше Ѓорѓијев.
Новиот третолигаш Ржаничино со убедливи 7:1 ја декласираше Академија Илинден. Лазев постигна хет-трик, Петрушевски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Калач и Спасевски. За гостинот погоди Сулемани.
Александар Ванев, М-Нет