
Штипјанецот Кирил Кузманов годинава е добитник на наградата за најдобар млад македонски џез музичар на Скопскиот џез фестивал. Доделувањето на наградата на овој фестивал традационално се одржува секоја година, па годинава истата припадна во рацете на овој уметник. За М-Нет телевизија тој вели дека за него истата е од големо значење и додава дека ваквото признание е за сите оние со кои тој соработува, затоа што тој без нив не би бил ова што е денес.
“Ми значи да, затоа што еве се препознава тоа што се работи во последните неколку години. Како на пример тоа што го направивме тоа со националниот џец оркестар и останатитер со кои што соработувам. Ова не го гледам како мое признание, туку го гледам како признание на сит музичари кои што соработуваат со мене. Ако не се тие немаше да дојде до ова, музика не се прави сам, така да оваа награда е за сите нас, не е само за мене.“, истакна Кузманов
Џез музиката од поглед на теорискиот дел според Кузманов има тежина, а кога станва збор за самото интерпретирање истака дека е можност слобода.
“Во поглед на колку е тешко да се свири ако мислиме, џезот е слобода.“, додава Кузманов
Инаку, Кирил Кузманов, во текот на својата кариера настапувал во некои од најпознатите џез клубови и концертни сали и подиуми во Европа, како во Амстердам, Виена, Хамбург, Франкфурт, Цирих . Тој е насловен вонреден професор по саксофон и џез ансамбл на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Лаура Стојанова, М-Нет