Пипер, домати и краставици најбарани на пазарот во Штип, цените исти како претходната година

Побарувачката на задоволително ниво, цените како и вообичаено. Продавачите на градскиот пазар во Штип, велат дека цените се реални за џебот на граѓаните, но согласно нивната работа и труд земјоделскиот производ е најевтин. Тоа е и главната прилчина поради која младите не се занимаваат со земјоделство и егзистенција бараат во некоја друга гранка.

„Побарувачка има, кога има пари има и побарувачка и потрошувачка. Ама оти не е платен производот затоа бегат младите, најевтина храна е земјоделската.

Купувачите денеска на пазарот беа со поделен став околу цените на производите. За дел од нив скапо и денеска како и претходно, друг дел пак велат цените се реални овој период од годината. Додаваат дека дел од производите се со подобар кавлитет споредбено со поризводството од летото.

„Скап е пазарот, се купува по малку. Еве пипер, патлиџани, краставици“ – велат купувачите.

Во центарот на вниманието беа пиперот, доматите, производите за зимница и туршија, како и сезонското овојше.

Лаура Стојанова М-Нет