Карадаку домаќин на Мал Ајакс од Штип, Кратово против Кораби

Вечерва со натпреварот меѓу СЕЕ Университи и Конзули од Битола ќе се отвори втората рунда од Втората футсал лига на Македонија.

Тетовскиот тим во првото коло доживеа пораз во Струга од Енхалон, а вечерва како фаворит против Конзули од Битола ќе бара прва радост, додека пак Конзули кој наместо во Битола како домаќин играше во Свети Николе во сала се појави само со тројца играчи и натпреварот не се одигра.

В сабота Балкан на домашен терен ќе се соочи со Победа, која пак сезоната ја отвори со превисока победа од 23:4 над Карадаку и ќе бара сега нов триумф против Балкан кој исто така со триумф ја отвори сезоната.

Кратово на домашен терен ќе го пречека тимот на Кораби од Дебар, во првото коло Кратово беше поразен, а пак Кораби не го одигра првиот меч бидејќи Партизан Југ Брвеница во сала се појави само со двајца играчи. За Кратово ќе биде императив да се обезбедат трите бодови.

Каршиака која во првото коло беше слободна во рамки на втрората рунда ќе се соочи со струшки Енхалон, кој сезоната ја отвори со голема победа над СЕЕ Университи.

В недела ланскиот прволигаш Овче Поле ќе игра против ССК Скопје, а пак Карадаку ќе бара рехабилитација после големиот пораз против штипски Мал Ајакс.

Александар Ванев, М-Нет