Штипската ракометарка Марија Анчева, која е најдобар стрелец во Суперлигата доби репрезентативен повик!

ФОТО: Марија Анчева, најдобар стрелец во ракометната Суперлига, гостува во спортскиот магазин Трибина на телевизија М Нет

Штипската ракометарка Марија Анчева, која настапува за Астибо од Штип, а која минатата сезона беше убедливо најдобар стрелец во Суперлигата, конечно доби репрезентативен повик.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави списокот на повикани ракометарки за настап на „Тројфе Карпати“.

Постојано потенциравме дека Анчева заслужува репрезентативен повик, а тоа го зборувавме токму со Анчева и во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија, но ете конечно да добие репрезентативен повик кој е повеќе од заслужен.

Селекторот се одлучи да ги повика Михаела Кралева, Марија Јанкуловска и Сара Миновска од Металург Автокоманда, Катерина Дамјаноска од Ѓорче Петров и Бојан Диневска од Чаир, а на списокот ги нема Емилија Ризоска, Марија Тасевска, Ивана Арсениевска и Леонида Гичевска во однос на претходниот повик.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 21. октомври во 9 часот, а пак „Трфеј Карпати“ ќе се одржи во период од 25. до 27. октомври во романски Клуж, а Македонија ќе игра против Романија Словачка и Швајцарија.

Собирот ќе биде во салата „Антон Димитров“ во скопски Бутел.