11, 12, 13 октомври Општина Радовиш ја организира 10- тата по ред манифестација „Самун и татлија“

На 11,12 и 13 октомври Општина Радовиш ја организира 10 тата по ред манифестација Самун и Татлија. Таа започна во 2013 година и заклучно со годинава тие прославуваат јубилеј од 10 години. За трет пат годинава исто оваа манифестација е паралелно во комбинација со фолклорниот фестивал Радовишки собор. Претставникот од Општината Игор Чапов, за М-нет телевизија истакана дека програмата започнува од денес, а локацијата е како и секоја година на паркингот Орел во самиот град.

„Полека дојдовме и до јубилејната 10 тата по ред манифестација Самун и татлија Радовиш. Откако започна првата во 2013 во самата корона имавме две години пауза, но еве дојдовме и до десетата. За трет пат оваа година е во комбинација со фолклорниот фестивал Радовишки собор. Започнуваме со програмата од денес, локациајта е оваа паркингот орел и затоа очекуваме гости.“, истакна Чапов

На овогодинешната манифестација ќе настапат познати естрадни уметници, меѓу кој една од нив и Милица Тодорович.

“Традицијата е со три дневна програма . Започнуваме денес со фолклорниот фестивал, потоа дефилето од 13 часот. Од 15 часот ќе имаат настап фолклорните ансамбли и она што го планираме како официјално затворање на фестивалот Радовишки собор и отворање на самун и татлија е концертот на НУ Танец кој што ќе биде од 20 часот. Потоа продолжуваме со концертите на троја и за крај Игор Димовски, пауза за ракија.“, додава Чапов

Годинава има вкупно девет штандови и угостители кои што ќе учествуваат со своите специјалитети самун и татлија. Традационално за подготовка е 250 грама тесто и 150 грама месо, а печењто е традационално во фурна. И оваа година како и останати се очекува нивната продажба да биде на 15 000 самуни .

Лаура Стојанова, М-Нет