Заради специфичните барања на работодавачите, наместо македонски се вработуваат странски државјани

Дефицитот на кадар најмногу се забележува во градежништвото, угостителството и производството. Ова впрочем се и најбараните профили на работници кои се бараат од страна на работодавачите. Но, наместо македонски државјани да се вработуваат, заради се поспецифичните барања на работодавачите се вработуваат работнци од странство кои ги исполнуваат условите. Од Агенцијата за вработување велат дека ова е се почесто, иако тие се трудат да ги задржат младите дома да работат, но и оние коие учеле во странство да се вратат во државата.

„Најголем профил кој го бараат стопанствениците се од областа на градежништвото, угостителството и производството. Тие се дефицитарен кадар во моментов на пазарот на труд, но секако Агенцијата за вработување и понатаму ќе се труди да преземе мерки за нивно вработување. Дефицитарниот кадар во моментов дури е и причина и специфичните барања кои ги имаат работодавачите, се причина доколку не најдат соодветна работна сила да вработуваат странски државјани.“ – вели Пешова.

Изборот за пополнување на работни места е на работодаваите, вели Пешова. Улогата на Агенцијата за вработување е да го испита пазарот на трудот и исполнетоста на квотата за вработување на старнски државјани.

„Честопати работодавачите имаат специфични барања кои ги нема расположливиот кадар кој е на евиденција на агенцијата за вработување. Бараат разни сертификати и тие се главна причина за да се одлучат да го поплнат работното место со странски државјанин. Одлуката е на самиот работодавач“ – додава Пешова.

Досега се издадени пет илјади позитивни мислења од страна на Агенцијата за вработување за странски државјани, а годишната квота е 20 илјади.

Лаура Стојанова М-Нет