Последен ден од Текстилијада 8 во Штип, колку институциите се „за“ подобри услови за работниците?

Последен ден од Текстилијада 8 во Штип. Институции, експерти, општини сите на едно место со иста цел да се подобрат правата на работниците, пред се во текстилната индустрија. Претседателката, Кристина Ампева, посочи дека крајно време е да се стави крај на лон производството, да се учи од развиените текстилни градови и да се земаат позитивни примери кога се во прашање работниците и нивните права.

„Реинкарнација на тектилната индустрија, 95% лон, мислам дека е време да престанеме да шиеме. Да ги зближиме експертите, општините коишто можат да помогнат на нашата општина. Денеска барем за мене е најважниот ден, бидејќи ги имаме институциите кои се клучни во спорведување на Закон за работни односи, колективни договори и оние проблеми кои се со исплата под минимална плата, неиплатена прекувремена работа и слично.“ вели Ампева.

Кога е во прашање законот за работни оносни кој стои заглавен во фиока, заменик министерот за економија и труд, вели дека се прават сите анализи. Дециден е дека со носење на овој закон ќе се подобрат правата на работниците пред се, но и развој на бизнис секторот и реалниот сектор во државата.

„Ги правиме сите анализи, дали тој Закон е добар, дали ќе треба да трпи одредени промени, дали ќе треба да се промени стариот закон или да се направи комбинација и од едниот и од другиот закон пред да биде донесен. Нашата цел пред носењето на законот е да направиме едно синхронизирање во тој закон за заштита на работничките права.“ – вели Ристески.

Дека е неопходно носење на законот за работни односи, вчера посочи и Миле Бошков од бизнис конфедерацијата на Македонија. Согласен е дека без овој закон се кршат многу работнички права.

Лаура Стојанова М-Нет