
Професионалниот мотоциклист Петар Мијалков на две трки до крајот од БМУ Европскиот шампион има загарантирано второ место, откако на претходните две трки во Словачка штипјанецот заврши на третото место на првата трка и втор на втората трка.
„Моментално сум на генералниот пласман второ место загарантирано второ место, сега останува последната трка во Серес, Грција. Искрено добро беше многу тешка стаза, многу голема конкуренција, но успеавме, иако имавме проблеми со моторот на втората трка, но успеавме да ја завршиме на третата позиција“, рече Мијалков за М Нет телевизија.
Пред Мијалков остануваат уште две трки на 12. и 13. октомври во Серес, Грција, каде ќе има силна конкуренција како што вели за М Нет телевизија, додавајќи дека тој и неговиот тим ќе дадат се од себе да завршат одново во топ три.
„Таму е на 12. и 13. октомври последната трка мислам дека ќе бидеме со тешка конкуренција и ќе бидеме со тежок притисок. Но, ќе дадеме се од себе и ќе гледаме да завршиме пак во топ три“, ни изјави штипскиот професионален мотоциклист.
Мијалков има загаратирано второ место, а на последните две трки ќе атакува и на првото место, иако ќе биде тешко за тоа.
„Да, малку ќе биде тешко за првото место, бидејќи не е мала разликата, но даваме се од себе да можеме да освоеме повеќе бодови, но мислам дека ќе биде тешко за првото место.“
Проблемите кои ги имал Мијалков со моторот се санирани и истиот е подготвен за последните две трки во Грција.
„Да, сега е веќе се санирано. Направивме веќе еден тест минатиот понеделник во Серес, Грција, се е во ред, така да, можеме да настапиме со полна пареа.“
За Милајков патеката во Серес, Грција е позната, како што вели истата ја возел најмногу, но вели дека ќе биде тешко бидејќи и другите натпреварувачи добро ја познаваат патеката, на која се вози 14 кругови.
„Да, таа патека најмногу ја имам возено, но таа патека сите ја имаат најмногу возено, така да таму ќе биде тешко, многу тешко. На патеката во Серес во Грција се вртат 14 круга, а патеката е долга околу 3 километри“, заврши Мијалков.
Со последните две трки во Серес, Грција, штипјанецот Мијалков успешно ќе ја заокружи оваа сезона, во која забележа одлични резултати што ќе биде голем мотив и поттик за уште подобри трки во новата сезона.
Александар Ванев, М-Нет