
Здружение од Велика Британија денес изврши донација на три противпожарни возила за три општини во државата, Штип, Радовиш и Македонски Брод се градовите каде истите ќе заминат. Покорај донацијата извршена денес во Свети Николе, за пожарникарите од овие градови беше ивршено и примопредавања, се со цел истите да се стекнат со дополнителни знаења за користењето на ваквите возила. Ваквата соработка на здружението Операција Флоријан и Македонија трае од 2007 година и заклучно со денешната донација досега се донесени 31 противпожарно возило.
“Јас сум Рој Бараклу кој доаѓа од здружението „Операција Флоријан“ од Велика Британија, хумано здружение кое се бави со противпожарна помош во целиот свет. На големо задоволство е што сме овде за да извршиме примопредавања на противпожарни возила за територијалната противпожарна единица Штип и Радовиш. Ова е продолжение на соработката со Македонија, која што трае од 2007 година и до сега имаме донесено 31 противпожарно возило, вклучувајќи ги и двете позади.“, изјави Бараклу
Ваквата донација за Општината Радовиш означува многу, земајќи во предвид неодамнешните пожари кои што ја зафатија државата, па тогаш противпожарните возила беа клучни за гаснењето на истите.
„Ова е втор пат кој што мислам дека првиот пат беше во 2011, еве и сега ни донираат втор пат вакво возило, кое што сите ние знаеме дека реалната вредност на ваквите возила е прилично висока за општините, кои што сепак за капацитетот да ги исплатат ваквите возила се навистина тешки. Што значи ваквото возило, искрено значи многу бидејќи како што сме сведоци оваа година, бевме нападнати баш со стихија која што ја зафати цела Македонија и противпожарните возила беа клучните во гаснењето на пожарите.“, истакна Почивалец
Со ваквата донација, овие општни не само што ќе имаат дополнителни противпожарни возила, тие ќе имаат и подобри вештини се со цел поголема безбедност.
Лаура Стојанова, М-Нет