
Теренот на Башкими во Куманово е суспендиран, а од таа причина второлигашот Башкими како домаќин против Воска Спорт од Охрид во Купот на Македонија ќе игра на Градскиот стадион во Гостивар.
Второлигашот Башкими во првото коло од Купот на Македонија ќе се соочи со прволигашот Воска Спорт, Беласица ќе игра во Струмица против Македонија ЃП, а Победа со Гостивар, овие се трите одложени Куп натпреваро со што ќе се затвори првата фаза.