Од утре се очекува зголемување на пензиите за 2.500 денари, пензионерите едногласно задоволни

Од утре пензионерите на своите сметки очекуваат зголемување за 2,500 денари. Според последните најави на премиерот на државата Христијан Мицкоски тие ќе имаат зголемување овој месец, како и во март во наредната година, па секој пензионер заклучно со март ќе има по 5000 денари дополнително на својата местка. Според мислењето на пензионерите, ваквата промена за нив означува делумна можност да се купе неопходното или пак да се тргне нешто на страна, но според други пак оваа промена ја нарекуваат „слама“ имајќи во предвид дека се високите цени во маркетите.

“По 2,500 денари и држи место за некој, за други пак не. За тие што имаат помала пензија малку е.“, истакнаа пензионерите

“Сигурно дека ќе биде убаво.“, додаваат пензионерите

Според трети моментално пензиите треба да се покачени за 5000 денари, бидејќи со високите цени ваквата промена нема ниту да ја осетат, ниту пак забележат.

“По 2.500 рекоа, а ќе видиме утре кога ќе земеме. Колку е добро, ние си знаеме, се живо.“; изјавија пензионерите

Во согласност со ситуацијата, премиерот Мицкоски ваквите промени ги истака уште на почетокот, па според неговите зборови, пензионерите се во исчекување утре да го добијат ветуваниот дополнителен износ и да го подобрат својот начин на живеење.

Лаура Стојанова, М-Нет