За младите новитет, за повозрасните позната пракса, како некогаш се жнеело со срб и вршело на гумно

Со традиционално зажнејување со срб, се означи и официјалниот почеток на оризот во кочанско, а завршија 33 по ред Денови на кочанскиот ориз. Жетварската убавица со здравица, песна и благослов прва го зажнеја оризот во нивите во кочанско Оризари. Манифесатацијата продолжи со традиционално вршење на гумно. За младите интересни случувања, за повозрасните позната пракса која некогаш била дел од нивното секојдневие. Велат пред многу години машини немало, оризот се жнеел, се вршел рачно и за нив тоа е познато.

„Некогаш со срб се жнееше, па се собираа снопје, па на гумно со коњ се врше и се собира. Ама кога го собираш после се вее оризот. Младите денеска воопшто не знаат, не знаат ни што е срп“ – велат граѓаните.

На манифестацијата се доделија и награди за најдобар, односно најуспешен оризопроизводител. За добитниците стимул да продолжат и понатаму да се занимаваат со оваакултура од којакако што велат егзистираат.

Се приготвија и традициоални јадења од ориз, а преставници имаше и од други држави. Задоволни од одгранизацијата велат дека ова треба да се негува и чува.

„Ние сме од Република Бугарија. Подготвивме баница со сирење, со тиква, традиционално јадење од нашиот крај, домашна лозова ракија и вино. Ние сме група од 12 лица и ни се допаѓа оваа манифестација, доаѓаме седма година по ред“ – вели Дрончилова.

„Сакам да се заблагодарам за поканата да бидеме дел од оваа манифестација. Делегација од Црна Гора доаѓа десети пат по ред, јас лично првпат. Ние кои доаѓаме за првпат, ние сме воодушевени од настанот. Ова што го видовме и што го доживеавме – воодушевени сме. Не ги криеме импресиите, ова што го имате навистина вреди и треба да се чува и да се негува“ – вели Лабуовиќ.

Манифестацијата Денови на кочанскиот ориз беше проследена со богата културно уметничка и забавна програма.

Лаура Стојанова, М-Нет