Верниците денес го одбележуваат празникот посветен на Св. Софија и нејзините чеда Вера, Надеж и Љубов

Со богата програма, вкусна манастирска манџа и гости од различни краеви на државата, одбележан денешниот опразник посветен на светата маченичка Софија и нејзините чеда Вера, Надеж и Љубов во штипската населба 8-ми Ноември . Кититорот на светата вода на истиоимениот празник Симо Костадинов им го честита празникот на сите верници ширум светот со желби за здравје, среќа и мир. Тој за М-нет телевизија изјави дека вчера и заклучно со денешниот ден е подготвена голема количина на манџа.

“Нека е за многу години на сите верници.“, истакна Костадинов

Желби за здравје и мир си посакаа и верниците кои денес ги имаше во голем број на самото место

“Јас сум од Кочани, не сум од тука, дојдов да посетам. И јас држам црква и се вика Св. Петка, Кочански дол. Со ова народот се зближува.”, изјавија верниците

“Запаливме свеќичка, посакуваме здравје.“, истакнаа верниците

“За многу години нека е празникот.“, истакнаа верниците

“Еве водичка да зедеме, убаво е , здравје, среќа, бериќет.“, велат верниците

Инаку, празникот посветен на светата маченичка Софија и нејзините чеда Вера, Надеж и Љубов се одбележува секогаш на 29 септември со предвечерието на истиоимениот опразник и на 30 септември преку целиот ден. Овој празник според Костадинов има важна порака а истата гласи да имаме вера, надеж за подобро утре и да шириме неизмерна љубов.

Лаура Стојанова, М-Нет