
Членовите на Карате клубот ,,Македонка,, од Штип постигнаа одлични резултати на Државното првенство за деца од 10-14 години. Под раководство на тренерот Сашко Патраклиев од вкупно 12 каратисти кои настапија дури деветмина се закитија со медалји. Први места и златни медалји освоија Јована Панева и Клаудио Јанковски, втори места и сребрени медалји освоија Кристијан Шекеринов и Бранислав Димов а трети места и бронзени медалји освоија Божјидар Зафиров, Мартин Тодоров, Мартин Колев, Теа Еленска и Петар Протоѓеров.
Драги Герасимов – Пушка