Жетва на медалји на младите каратисти на ,,Македонка,, од Штип на Државното првенство во Скопје

Членовите на Карате клубот ,,Македонка,, од Штип постигнаа одлични резултати на Државното првенство за деца од 10-14 години. Под раководство на тренерот Сашко Патраклиев од вкупно 12 каратисти кои настапија дури деветмина се закитија со медалји. Први места и златни медалји освоија Јована Панева и Клаудио Јанковски, втори места и сребрени медалји освоија Кристијан Шекеринов и Бранислав Димов а трети места и бронзени медалји освоија Божјидар Зафиров, Мартин Тодоров, Мартин Колев, Теа Еленска и Петар Протоѓеров.

Драги Герасимов – Пушка