Дерби на Шкендија и Вардар во Тетово, Струга на мегдан со Гостивар, Беса домаќин на Воска

ФОТО: Александар Ванев | М Нет телевизија

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од осмата рунда на Првата македонска фудбалска лига, а оваа рунда може да донесе промени на табелата.

Силекс во Кичево каде што ќе игра Тиквеш како домаќин откако теренот во Кавадарци го суспендираа ќе бара три бодови.

Ова ќе биде предност за Силекс, бидејќи Тиквеш нема да игра на својот терен и пред својата публика, па тоа за освојувачот на Купот на Македонија ќе биде хендикеп, а пак за Силекс предност и од таа причина ќе напаѓа за трите бодови со цел да може да се пробие и на првото место, во зависност од резултатите на оснатите екипи кои се во врвот од табелата односно лидерот Гостивар, Шкендија и Работнички.

На Градскиот стадион во Гостивар ќе се одигра дуел за втор сезонски триумф, соочување на Беса и Воска Спорт, меч каде трите бодови се императив, победата е потребна и за едните и за другите со цел напуштање на опасната зона на табелата.

Двете екипи имаат по пет бодови на своите конта низ идентичен скор од една победа, две ремија и четири порази.

Шампион Струга Трим Лум е во променлива форма и со тоа стружани се наоѓаат на петтото место на прволигашката табела со 11 бодови, а против лидерот Гостивар ќе биде тешко да се освојат трите бодови. Сепак, за Струга домашниот терен ќе биде предност, а исто така и вистински тест колку Струга е подготвена за одбрана на титулата во дуели како овој со Гостивар.

Екипата на Гостивар е непоразена и се наоѓа на врвот од табелата, а сезонава целта на овој тим е да избори излез во Европа и засега игра според планот.

Мега дербито се игра во Тетово каде ќе се соочат Шкендија и Вардар, соочување на поранешните шампион на Македонија. Шкендија сезонава атакува да ја освои шампионската титула, од друга страна Вардар сака стабилност и пласман во горниот дел од табелата.

Вардар долго време чека за триумф над Шкендија, а Шкендија доминира во меѓусебните дели, а од друга страна тетовци сакаат да го заборават брво поразот од Гостивар и да триумфираат против најтрофејниот.

Скопската пресметка се игра на Националната арена меѓу Работнички и Шкупи во дуел каде „романтичарите“ сезонава немаат пораз и играат перфектно, а пак Шкупи е во променлива форма и пополека започнува да се стабилизира резултатски.

Во Струмица ќе се соочат Брера Струмица и Пелистер во дуел каде трите бодови се императив за прогрес на табелата. Брера ќе биде фаворит во дуелот со повратникот во елитата, но Пелистер пополека собира бодови и се наоѓа на средината од табелата, а трите бодови во Струмица ги гледа како можност за одличен резултатски приклучок кон горниот дел од табелата.

Натпрварите ќе започнат во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет