Продолжуваат активностите на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип, ќе се работи во две фази

Продолжуваат активностите за уредување на новото шеталиште „Ванчо Прќе“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека по завршувањето на манифестацијата „Пастрамалијада“, тековно ќе се работи на поставување на урбана опрема на жардинери, садници и сето она што е предвидено во самиот проект, бидејќи викендот шеталиштето беше приспособено место на кое се одвиваше дел од манифестацијата.

„Активностите за уредување на шеталиштето „Ванчо Прќе“ продолжуваат во наредниот период по завршувањето на манифестацијата „Патрамалијада“. Како што бевте информирани заради организирање на познатата манифестација и променетата локација, ова улица беше приспособена за да служи привремено како шеталиште на самата манифестација, но не и довршена. Во наредните денови ќе се поставува урбана опрема на жардинери, садници, сето она што го предвидува самиот проект, а исто така ќе се преуредуваат самите плочници имајќи во предвид дека се уште не е пуштена во употреба и се уште се работи на истата улица.“ – изјави Јорданов

Заршната фаза за целосно уредување на новот шеталиште „Ванчо Прќе“, односно завршување на целиот проект се очекува да биде во текот на наредните неколку недели со што ќе се добие посакуваниот лик на шеталиштето. Уредувањето ќе се одвива во две фази, во првата фаза од уредувањето ќе се работи на поставување на урбана опрема, а во втората фаза се планира уредување на изгледот на станбените згради.

„Очекувам во наредните недели и денови целосно да се заврши со она што е предвидено и конечно шеталиштето „Ванчо Прќе“ да го добије посакуваниот изглед и поскакуваниот лик онака како што предвидува и самиот проект. Ова е со планираната прва фаза од уредувањето на шеталиштето, а како што напоменав перспективно се планира и уредување на изгледот на околните станбени згради со цел Штип да добије едно модерно шеталиште со еден современ изглед.“ – изјави Јорданов

Градоначалникот Јорданов исткна дека впечатоците се позитивни од страна на посетителите кои викедот го посетија шеталиштето во пресрет на манифестацијата „Пастрмалијада“. Дециден дека на Штип му фали таква улица, со урбана опрема и место кое штипјани секојдневно ќе го минуваат.

Лаура Стојанова, М-Нет