
Се уште не може да се контролираат граѓаните кои со своите моторни возила се движат по новото шеталиште, се додека не се стави технички прием посочи градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Во тек се активностите за доуредување на шеталиштето, а честопати по новото шеталиште можат да се забележат граѓани кои со своите мотоцикли се движат по него. Јорданов е дециден дека по завршувањето на активностите ќе следуваат соодветни контроли од страна на одговорни лица.
„Мора да напоменам како што е и темата на прес-конференцијата, шеталиштето се уште не е завршено, ќе се преуредуваат самите плочки и ќе се поставува урбана опрема и ќе има времен режим на движење на автомобили и секако ќе следуваат одредени контроли од страна на одговорните лица. Сепак овде постојат деловни објекти кои што имаат потреба од достава, соогласно со предвидената динамика е предвидено наутро од шест до десет часот да има можност за достава на роба, а после десет часот ќе биде затворена улицата. “ – изјави Јорданов
Со оглед на тоа што на самото шеталиште има деловни објекти кои имаат потреба од достава, ќе имаат можност за достава на роба во период од шест до десет часот, а потоа шеталиштето ќе се затвори и нема да се дозволи движење на моторни возила.
„Во предвид дека деновите се работи исто така, се уште не можеме да влеземе во фаза на контрола на сето она што ќе се случува на улицата “Ванчо Прќе“, затоа што самите изведувачи за потребите на шеталиштето влегуваат со моторни возила со градежна механизација. Се додека не се стави со технчки прием шеталиштето, нема да може да ги контролираме граѓаните кои што можеби ќе се однесуваат несовесно.“ – додава Јорданов
Инаку едносмерната улица во Штип беше затворена од 15 август до 15 септември како пробен период. Потоа и целосно беше затворена, а во меѓувреме се работеше и продолжува да се работи во прва фаза на поплочување и поставување урбана опрема.
Лаура Стојанова, М-Нет