
Натпреварот меѓу Астибо и Стружанка кој требаше да се одигра денес во рамки на 3. коло од женската ракометна Суперлига, нема да се одигра, откако екипата на Стружанка испратила допис дека нема да допатува во Штип со цел да го одигра натпреварот.
Тоа значи дека Астибо ќе добие службени три бодови, но штипјани ќе треба да причекаат да го видат Астибо на домашен терен во новата сезона. Во следното коло Астибо ќе гостува кај дебитантот Ѓорче Петров 2, а потоа на домашен терен игра два меча во низа против Чаир и Скопје.
Натпреварувачката комисија при Ракометната федерација на Македонија ќе постапи согласно пропозициите за Супер женската ракометна лига за сезона 2024/2025.
Александар Ванев, М-Нет