
Денес, покрај во централното градско ООУ“Ванчо Прќе“ Штип, засадување на садници се реализираше и во останатите училишта Димитар Влахов, но и Гоце Делчев од приградската населбата Три чешми. Ваквата организација е со цел заштита на животната средина, а донацијата на дрвцата е организирана од националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Учениците од ООУ“Димитар Влахов“, истакнаа дека од една страна покрај што тие вршат посадувањето, од друга страна едновремено тие другаруваат и создаваат навики за одржување на чистата и здрава средина.
“Ние денеска сме овде за да насадиме дрвца во Димитар Влахов школото, што ги добивме од хуманитарна акција. Ние денес ќе садиме по едно дрвце. Ова ќе биде добро за нашата околина.“, велат учениците
“Денеска ние сме собрани за да ги насадиме дрвцата, а се договоривме сите да насадиме по едно дрвце, а со тоа да изгледа по убаво околината.“, додаваат учениците
„Денес ние се собравме сите, бидејќи сме среќни што ја разубавивме природата со нашиот клас. Ќе има чист воздух и ќе биде прекрасно“, велат учениците
“Овде ќе има чист воздух, ќе садиме дрвца.“, истакнаа учениците
Од подрачното ОУ“Гоце Делчев“ од приградската нас. Три чешми, истакнаа дека ваквиот проект е од голема важност за децата, затоа што покрај што тие го уредија и разеленија дворот околу училиштето, тие создадоа навики за одржување на природата.
“Во училишниот двор во училиштето во три чешми, денес имаме донација од дрвенести растенија, кои што ќе ги засадиме.“, истакна Стоилкова
Инаку, поттикнатиот проект од националната агенција за европски образовни програми и мобилност е со цел да се активира свесноста за одржување на чиста и здрава средина имајќи во предвид дека пожарите и човековиот фактор се одрз за нечиста средина.
Лаура Стојанова, М-Нет