
Дали врнежите од дожд можат да ја намалат посетеноста на Пастрмалијадата и да го засенат настапот на музичките ѕвезди? Во наредните неколку денови времето останува облачно со можности за врнежи од дожд и ретки грмежи, велат од Управата за хидрометереолошки работи. Но, ваквата прогноза е за утре и во петок, а веќе во деновите од викендот не очекува сончево време. Ова дава надеж дека Штипската пастрмалијада ќе се одржи без проблеми со временски услови, посетеноста ќе биде на задоволително ниво и дека ќе се изедат рекорден број пастрмајлии.
„Утре и во петок ќе се задржи променливо облачно време, во попладневните часови со повремен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Утринската температура ќе биде околу 15 степен, а дневната до 23 степен. Во деновите од викендот времето ќе биде сончево и потопло со локална појава на облачност и максимална температура до 26 степени. Во недела утрото ќе биде посвежо со пониска утринска температура која очекуваме да се спушти до деветиот степен, а дневната до 26 степен.“ – вели Фидановска-Мишкоска.
Во штипскиот регион врнежи од дожд се можни утре и во петок, но истите ќе бидат со слаб интезитет.
„Врнежи од дожд утре и во петок се очекуваат во попладневните часови во штипскиот регион, но со слаб интезитет.“ – додава Фидановска-Мишкоска.
Оваа година за првпат на Штипската пастрмалијада ќе сеорганизираат и настани преку текот на денот.
Лаура Стојанова М-Нет