
Две жени биле физички нападнати во текот на вчерашниот ден во Штип. Првата била нападната на своето работно место, а другата на Градскиот пазар во Штип.
На 13.09.2024 во 10.00 часот во СВР Штип, Т.Д.(26) од Штип пријавила дека околу 08.20 часот, додека била на своето работно место, била физички нападната од колегата З.М. (60) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.09.2024 во 14.40 часот во СВР Штип, М.А.(35) од Штип пријавила дека околу 14.30 часот на Градскиот пазар во Штип, по претходна расправија, била физички нападната од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.