
Сензорните соби во основните училишта во Штип не зачат ништо ако затоа нема соодветен обучен кадар, вели Зоран Мијалков, родител на деца со попреченост. Вели дека најважно за една сензорна соба е да има соодветен обучен кадар кој ќе работи со децата.Во споривно може да се постигнат многу не сакани ефекти и да дојде до епилепсија на пример кај децата со посебни потреби.
„Сензорна соба, бадијала е и најдобро опремена сензорна соба ништо не значи. Има наука за тоа, а тие не се консултираат со стручни лица, тие глумат пред ЕУ дека прават нешто за децата. Сензорните собри буквално се перење пари во оваа земја. Научно е докажано дека за една сензорна соба да биде сензорна соба најважното нешто не е да биде опремена туку да имате обучен кадар кој ќе работи со децата во сензорната соба. Сензорна соба се нарекува бидејќи нашите деца сензорно се преосетливи. Во сензорна соба ако се внесе детето и нема стручен кадар би можело да дојде до уште поголема преосетливост и да дојде до епилепсија, епинапади“ – вели Мијалков.
Која фрекфенција ќе биде музиката, дали детето може и колку смее да го допира атрактивниот ѕид во сензорната соба и слично се прашања кои треба да бидат одговрени и регулирани од страна на соодветен кадар пред едно дете соо посебни потреби да влезе во една сензора соба. Мијалков вели дека само на таков начин може вистински да им се помогне на овие дечиња.
„Обучивте ли кадар за сензорната соба? – Не. Во тој случај подобро детето да не се носи во таа соба оти може да се направи поголема штета. Ногу е важно која фрекфенција на музика ќе биде, ако детето е осетливо на текстури да не му се дозволи на атрактивниот ѕид да допира затоа што се создава преосетливост.“ – додава Мијалков.
Нема потреба да се мисли нешто ново, вели Мијалков. Доволно е да се следи примерот на развиените држави и на тој начин да функционираат соодветно сензорните соби во училиштата во нашата држава.