Воска мотивирана за Силекс, Брера и Вардар ќе бараат враќање на победничките патеки!

ФОТО: Александар Ванев | М Нет телевизија

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтата рунда од Првата македонска фудбалска лига.

По завршувањето на репрезентативната пауза Брера Струмица и Вардар сезоната ќе ја продолжат со нови тренери, но генерално оваа репрезентативна пауза беше добредојдена за анализирање и консолидирање на своите редови во неколку екипи, кои не ја започнаа сезоната според планот.

Во Струмица ќе гледам дуел на Брера Струмица и новајлијата Беса од Добри Дол. Горазд Михаилов го превзема кормилото на Брера и ќе атакува на втора сезона победа за овој тим кој запиша три големи последователни порази. Од друга страна Беса по двата порази запиша триумф и реми и сега сака позитивен резултат и во Струмица.

Гостивар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе го пречека Вардар во меч каде трите бодови се силен императиви за двете страни. Гостивар ќе биде фаворит на овој меч за трите бодови, а пак Вардар кој сега е предводен од Срѓан Захариевски во Маџари доаѓа по позитивен исход против хитот во Првата лига.

Пелистер на домашен терен ќе бара втора сезона победа против шампион Струга Трим Лум, која по поразот од Работнички веднаш се врати на победничките патеки откако триумфираше над Брера на домашен терен.

Битолачни ќе имаат предност што играат на домашен терен и поддршка од домашната публика и верните „Чкембари“ па тоа ќе биде повеќе од доволна причина да се изненади шампионот во Битола.

Работнички на домашен терен ќе се соочи со освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш од Кавадарци. „Романтичарите“ играат во одлична форма имаат две ремија и две победи, додека пак Тиквеш има два порази, победа и реми.

Дербито на колото се игра на Чаир, каде ќе се соочат Шкупи и Шкендија во директна дерби пресметка за трите бодови. Шкупи не игра според посакуваното, тоа предизвика и тренерска промена, но и така не заигра како што посакуваше. Два порази, една победа и реми е исходот од првите четири средби на „гулабите“, а пак Шкендија без пораз со едно реми и три победи е на врвот од табелата.

На последното соочување на Чаир од 4. мај годинава Шкендија славеше со 0:2 над Шкупи.

Воска Спорт на „Билјанини Извори“ во Охрид ќе го пречека Силекс во меч каде домаќинот оди на три бодови особено силно мотивиран по големата победа над Вардар. Екипата на Воска Спорт освои бодови од тешки екипи и на тешки гостувања, па сега време е за први бодови и на домашен терен. Воска сезоната ја започна со реми против Шкупи и освоен бод, потоа имаше пораз од Тиквеш во гости и од Гостивар дома, а потоа славеше со 1:3 над Вардар во Скопје.

Силекс има две победи и два порази, а сега сака позитивен резултат и од Охрид. Трите бодови се силен императив и за двете екипи, а тоа ќе понуди неизвесен фудбал во Охрид за освојување на целиот „плен“.

Александар Ванев, М-Нет