
Во рамки на 2. коло во женската ракометна Суперлига екипата на Гевгелија на домашен терен ќе се соочи со Овче Поле од Свети Николе, дуел на две екипи за прв триумф и први бодови во новата сезона.
Екипата на Ѓорче Петров 2 која е новајлија во Суперлигата, во првото коло одмараше, а сега во рамки на втората рунда ќе се соочи со големиот фаворит Чаир.
Шампионот Ѓорче Петров во рамки на второто коло ќе игра против екипата на Деспина, во меч каде „лавиците“ од Ѓорче ќе важат за апсолутни фаворити. Куманово во првото коло беше слободен, а сега во втората рунда ќе игра против Пелистер на домашен терен, во дербито на колото во групата Б.
Шампион на стартот од сезоната загуби од Ѓорче Петров со 14:56 и со тоа претрпе тежок пораз, а сега во рамки на второто коло ќе се соочи со екипата на Спартак, која во првото коло одмараше.
Во рамки на второто коло екипата на Стружанка дома ќе игра против Скопје во дуел на двете поразени екипи од првото коло.
Натпреварите од второто коло ќе се одиграат викендот.
Во втората рунда екипата на штипски Астибо ќе биде слободна во групата А, во групата Б слободна ќе биде екипата на Металург Автокоманда, а пак во групата Ц слободна ќе биде екипата на Вардар.
Александар Ванев, М-Нет