
Ново возило за собирање комунален отпад доби Општина Карбинци со помош на донации од Швајцарската Амбасада и Министерството за Локална самоуправа. Општината учествува со 30% од вкупниот износ на возилото. Со истиото ќе се подобри работата на ЈП Плачковица, а сметот ќе се собира и во подплачковичките села каде не беше пракса до сега. Возилото е набавено преку проектот за „Зајакнување на општинските совети“ преку кој се даваат 100 милиони евра за инфраструктурни капитални проекти.
„Проект кој многу и помага на општините во нивниот развој и обука на своите кадри, во обуката на советниците кои функционираат во рамки на советот, во зголемување на транспарентноста. Во соработка со граѓаните преку еден инклузивен процес се отвори потребата од набавка на ова возило и преку проектот се набави.“ – Перински.
Со обезбедувањето јавни услуги за граѓаните, како и транспарентноста и отчетност кон нив се подобрува демократија која според амбасадорката на Швајцарија започнува од локалните самоуправи.
„Ние сметаме дека демоктаријата започнува на Локално ниво, каде граѓаните работат, сорабитуваат со локалните самоуправи и нивните потреби се земаат во предвид. За тоа зботува и овој проект и набавкта на возилото“ – вели Улман.
Проектот е поддржан и од страна на УНДП, чии преставник истакна дека истата продолжува и во наредниот период.
Вредноста на целото возило за собирање отпад е 4.900.000 денари.
Лаура Стојанова М-Нет